Услови за користење
Важи од 4 октомври 2026 г.
1. Што е StudyBuddy
StudyBuddy е бесплатна апликација за организирање на семестарот: предмети, задачи, рокови, испити и белешки. Има и помошник, AI Buddy.
Апликацијата ја води Study Buddy. Контакт: studybuddymkd@gmail.com.
Со правење сметка ги прифаќаш овие услови.
2. Твојата сметка
Мора да имаш најмалку 18 години.
Чувај ја лозинката и не ја давај никому. Ако мислиш дека некој друг влегол во сметката, смени ја лозинката и пиши ни.
3. Што не е дозволено
Не гледај и не менувај туѓи податоци.
Не користи ботови и не ги заобиколувај ограничувањата, на пример бројот на пораки до AI Buddy.
Не внесувај матичен број, здравствени податоци, лозинки или броеви на картички, ни свои ни туѓи.
4. Твоите податоци
Сè што ќе внесеш е твое. Го чуваме само за да можеш да ја користиш апликацијата.
5. AI Buddy
AI Buddy може да згреши, на пример да стави погрешен датум. Затоа ништо не се зачувува додека не потврдиш. Провери го предлогот пред да потврдиш.
Датумите за испити и рокови провери ги и на факултет. StudyBuddy не е службен извор.
Бројот на пораки дневно е ограничен, а понекогаш AI Buddy може и да не работи.
6. Без гаранции
Се трудиме апликацијата да работи добро, но не ветуваме дека секогаш ќе работи и дека ништо нема да се изгуби. Важните работи чувај ги и на друго место.
Не одговараме ако пропуштиш рок или испит затоа што апликацијата не работела или податокот бил погрешен. Ова важи онолку колку што дозволува законот.
7. Бришење на сметката
Сметката можеш да ја избришеш кога сакаш, во Поставки. Со неа се бришат и сите податоци.
Ако некој ги крши условите, можеме да му ја затвориме сметката. Можеме и да престанеме да ја нудиме апликацијата.
8. Промени
Ако условите се сменат, при следното влегување ќе те прашаме дали ги прифаќаш новите.
9. Закон и контакт
Важат законите на Република Северна Македонија.
За прашања пиши на studybuddymkd@gmail.com.