StudyBuddyStudyBuddy

Политика за приватност

Важи од 4 октомври 2026 г.

1. Кој одговара за податоците

За твоите податоци одговара Study Buddy. Контакт: studybuddymkd@gmail.com.

2. Што чуваме

Е-пошта и лозинка. Лозинката е шифрирана и никој не може да ја прочита.

Име, факултет (ако го внесеш), почеток и траење на семестарот, потврдата дека имаш 18 години, датумот кога ги прифати условите и дали го помина водичот низ апликацијата.

Сè што внесуваш: предмети, задачи, настани, белешки и разговорот со AI Buddy.

Основна статистика: дека е додадена задача, предмет или настан и колку пораки се пратени до AI Buddy. Содржината не се бележи.

IP-адреса и вид на прелистувач. Нив ги бележат серверите на кои работи апликацијата.

Ако вклучиш известувања: адресата на твојот уред кај сервисот за известувања и кои потсетници ги сакаш.

Ако ни пишеш преку „Идеја или пријава на проблем“: пораката, е-адресата што ќе ја наведеш и, ако го оставиш штиклирано, податоци за прелистувачот и уредот.

3. Зошто ни требаат

За да работи апликацијата: да се најавиш и да ги гледаш и менуваш своите податоци. Основа е договорот со тебе, односно условите за користење.

За да ја заштитиме од злоупотреба и да ја подобриме: ограничувања, записи за грешки и статистика. Основа е нашиот легитимен интерес.

За AI Buddy, само ако се согласиш. Согласноста ја повлекуваш кога сакаш, во Поставки.

Не продаваме податоци, немаме реклами и не те следиме на други страници.

4. AI Buddy

Кога му пишуваш на AI Buddy, до надворешен AI сервис се праќаат: твојата порака, неколку претходни пораки, имињата на предметите, насловите и роковите на отворените задачи и насловите и термините на следните настани.

Не се праќаат твоето име, е-поштата и белешките.

Сервисот е Google Gemini. Ако не работи, се користи Groq или Cerebras. Сите се во САД.

Го користиме бесплатниот Gemini. Кај него Google може да ги користи пратените податоци за да ги подобрува своите производи, а може да ги прегледаат и луѓе. Затоа не пишувај лични податоци во пораките и во насловите на задачите и настаните.

AI Buddy не мора да го користиш. Сè друго работи и без него.

5. Кој друг ги добива

Администраторот на StudyBuddy гледа листа на сметки: е-пошта, име, факултет, кога е направена и последен пат користена сметката и колку предмети, задачи, настани, белешки и пораки до AI Buddy има во неа. Во таа листа нема содржина: ни наслови, ни белешки, ни разговори.

Supabase: таму се базата и сметките. Податоците се во Франкфурт, во Европската Унија.

Vercel: таму работи апликацијата. Серверот е во Франкфурт, а компанијата е од САД.

Google (Gmail): преку него ги праќаме пораките за потврда на е-поштата и за нова лозинка. Google ја гледа твојата е-адреса и тие пораки.

Resend: преку него ни стигнува известување по е-пошта кога ќе ни пишеш преку „Идеја или пријава на проблем“. Притоа Resend ја гледа пораката и е-адресата што си ја навел.

Google, Groq и Cerebras: само она што е наведено кај AI Buddy, и само ако го користиш.

Google, Apple, Mozilla или Microsoft, зависно од твојот прелистувач: преку нивните сервиси стигнуваат известувањата, ако ги вклучиш. Содржината е шифрирана и тие не можат да ја прочитаат.

Некои од овие компании се во САД, па дел од податоците може да излезат надвор од Северна Македонија и Европската Унија. За тоа важат заштитните мерки од договорите со нив.

На државен орган му даваме податоци само ако тоа го бара закон.

6. Колку долго ги чуваме

Додека имаш сметка. Од разговорот со AI Buddy се чуваат последните 200 пораки, а можеш да го избришеш кога сакаш.

Кога ќе започнеш нов семестар, предметите, белешките, старите задачи и настани и разговорот со AI Buddy од претходниот се бришат. Пред тоа можеш да ги преземеш.

Адресата на уредот за известувања се брише кога ќе ги исклучиш известувањата или ќе се одјавиш.

Кога ќе ја избришеш сметката, сè во неа се брише веднаш и не може да се врати. Записите на серверите се бришат по кратко време. Она што веќе е пратено до AI сервисот не можеме да го избришеме.

7. Твои права

Имаш право да знаеш што чуваме за тебе, да добиеш копија, да бараш поправка или бришење, да бараш да ги користиме помалку или воопшто да не ги користиме и да ја повлечеш согласноста.

Повеќето работи ги правиш сам во Поставки: ги преземаш сите свои податоци, ја повлекуваш согласноста за AI Buddy и ја бришеш сметката. Податоците ги поправаш директно во апликацијата.

За сè друго пиши на studybuddymkd@gmail.com. Одговараме најдоцна за еден месец.

Ако мислиш дека податоците не се користат според закон, можеш да се обратиш до Агенцијата за заштита на личните податоци (azlp.mk).

8. Колачиња

Користиме само колачиња што се потребни за да останеш најавен. Изборот на светла или темна тема се памети во твојот прелистувач. Нема колачиња за реклами или следење.

9. Возраст

Апликацијата е за лица со најмалку 18 години. Ако дознаеме дека сметка направил некој помлад, ќе ја избришеме.

10. Безбедност

Податоците се пренесуваат шифрирано и секој ги гледа само своите. Сепак, ниту еден систем не е сосема безбеден. Ако се случи пробив што те засега, ќе те известиме.

11. Промени

Ако ја смениме политиката, при следното влегување ќе те прашаме дали ја прифаќаш новата.

Услови за користење